Владимир Петковиќ е нов тренер на Бордо!

Владимир Петковиќ, фудбалскиот стручњак кој се прослави како селектор на Швајцарија, вечерва е наименуван за нов тренер на францускиот прволигаш Бордо. Босанскиот Србин кој има 57 години со Жирондинците потпиша договор на три години.

Петковиќ седум години беше швајцарски селектор, а по ЕВРО 2020, каде што стигна до четвртфиналето, го напушти кормилото и реши да се префрли на клупски фудбал. За Петковиќ не е ништо ново работењето во клуб. Тој ги има водено Лацио, Сион, Самсунспор, Јанг бојс, Лугано и Белинцона. Со Лацијалите во 2013 година го освои Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести