Влаховиќ е цел на критики – Неговата реална цена е многу пониска од таа што Јуве ја плати

Душан Влаховиќ во јануари пристигна во Јувентус како огромно засилување од екипата на Фиорентина во трансфер вреден над 80 милилиони евра. Но, српскиот репрезентативец барем засега не ги оправда очекувањата.

Поразот од Монца ја продлабочи кризата кај „Старата дама“.

„Ова е недозволиво, поразите се случуваат и тоа е јасно, но тоа да биде без упатен удар кон голот, тоа е навистина страшно.

Влаховиќ одигра очаен натпревар, како и целиот тим, но тој, според мене, не ги оправдува вложените пари. Според мене, неговата реална цена е многу помала од таа што Јувентус ја плати на Фиорентина“, изјави некогашниот играч на Јуве, Клаудио Маркизио.

- Оглас -

Најнови вести