Влаховиќ и буквално е пола тим – Србинот со голови ја влече Фиорентина кон Европа

Душан Влаховиќ повторно постигна гол, за него 13-ти сезонава во Серија А, а Фиорентина со победа против Болоња од 3:2 стаса на петтото место во Калчото.

Србинот погоди од пенал во 67. минута и ја запечати победата на гостите од Фиренца, а има и одличен ефект.

Од вкупно 27 голови на тимот, негови се речиси половина, а Влаховиќ со 13 погодоци е топ-стрелец во Серија А.

Претходно Малех и Бираги погодија за Фиорентина, а погодоци за Болоња постигнаа Бароу и Хики.

Болоња е на осмото место во Серија А со 24 бода на 16 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести