Влаховиќ ја реши Црна Гора, Франција гази под водство на новиот капитен Мбапе (Видео)

Селекцијата на Србија славеше со 0:2 против Црна Гора во второто коло од квалификациите за пласман на ЕП 2024. Херој на Србија беше Душан Влаховиќ, кој ги постигна двата гола.

Напаѓачот на Јувентус, резултатот го отвори во 78-мата минута по асистенцијата на Младеновиќ, а победата ја завери со голот во судиското продолжение.

https://twitter.com/i/status/1640450882159648770

Со две победи во првите две кола, Србија е лидер на табелата во групата Г со шест бода, додека Црна Гора и Унгарија, која вечерва со 3:0 ја совлада Бугарија, имаат по три бода.

Светскиот вицешампион Франција во квалификациите за ЕП 2024 тргна со нов капитен, Килијан Мбапе, по две кола има две победи, и тоа над директните конкуренти за првото место. По убедливиот триумф од 4:0 над Холандија во првото коло, Галските петли вечерва на стадионот „Авива“ во Даблин, со 0:1 славеа над Република Ирска. Стрелец на единствениот гол беше Бенжамен Павар во 50-тата минута.

Полска благодарение на голот на Свидерски во 41-вата минута, со 1:0 ја совлада Албанија и се извади за поразот од Чешка во првото квалификациско коло.
Чешка пак разочара играјќи без голови на гостувањето кај Молдавија.

Шведска и Холандија се рехабилитираа од поразите во првото коло и со убедливи победи ги освоија првите бодови. Шведска со 5:0 го декласира Азербејџан, додека Холандија славеше со 3:0 над Гибралтар.

Резултати:

Група Б
Ирска – Франција 0:1
Холандија – Гибралтар 3:0

Група Е
Молдавија – Чешка 0:0
Полска – Албанија 1:0

Група Ф
Австрија – Естонија 2:1
Шведска – Азербејџан 5:0

Група Г
Црна Гора – Србија 0:2
Унгарија – Бугарија 3:0

- Оглас -

Најнови вести