Хрватско-српска вечер во Италија – Пашалиќ постигна хет-трик, Влаховиќ не запира и растура со голови во Серија А (Видео)

Душан Влаховиќ повторно е стрелец за Фиорентина и сигурно го држи врвот на табелата со најдобри стрелци во Серија А, а неговиот тим со победа од 3:1 против Сампдорија сигурно чекори кон рекорд во италијанското првенство.

Српскиот репрезентативец погоди во 32-рата минута за 2:0, откако претходно Калјехон ѝ донесе предност на Фиорентина, а потоа Сотил ја запечати победата на Виолетовите.

Сампдорија поведе со голот на Габијадини, но потоа до крајот на првото полувреме прими три гола и загуби.

Влаховиќ сега има 12 гола на контото во оваа сезона во Серија А и стана само четвртиот странец што има 29 или повеќе голови во Италија во една календарска година.

Србинот има шанса со уште пет гола во декември да го престигне Роналдо со 33 гола во 2020 година, потоа и Игуаин со 30 во 2016 година и Креспо, кој имаше ист ефект во 2001 година.

https://twitter.com/Sachk0/status/1465748851210424320?s=20

Фиорентина е само деветтиот тим во историјата на Серија А што не одиграл нерешено во првите 15 кола.

Со ефект од 8 победи и 7 порази и 24 бода, Виолетовите се на шестото место во Калчото. Сампдорија е 15-та со 15 бода.

Во истиот термин од 18.30 часот, Аталанта ја декласира Венеција со 4:0 со хет-трик на Марио Пашалиќ и еден гол на Копмајнерс и со 31 бод на четвртото место стигна само на 4 негатива зад лидерот Наполи.

 

- Оглас -

Најнови вести