Влаховиќ со феноменален рекорд ги надмина сите кои играле во Фиорентина (Видео)

Србинот Душан Влаховиќ стана првиот фудбалер во историјата на Фиорентина кој постигнал 28 лигашки голови во Серија А во една иста календарска година, и постави рекорд кој веројатно уште долго ќе биде актуелен, ако се знае дека стариот рекорд од 27 гола на Хамрин, стоеше уште од 1960 година.

Ниту славниот Габриел Батистута, ниту Лука Тони, немаа ваков подвиг, иако често ги тресеа противнишките мрежи.

За жал на Влаховиќ, рекордот не му беше крунисан со победа, туку со пораз на гостувањето кај Емполи. Домашните во финишот (голови во 87-ма и 89-та минута) се изборија за голем пресврт и победа од 2-1. Фиорентина и после 14 кола, нема нерешен резултат сезонава (7 победи и 7 порази), а Влаховиќ има 11 голови и засега е прв стрелец во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести