Влаховиќ со мајсторски потези донесе радост на Јувентус кај Емполи (Видео)

Јувентус се намачи, но на крајот победи на гости кај Емполи со 3:2, во меч од 27. коло на Серија А. Старата дама сега има 50 бодови и се зацврсти на четвртото место, додека Емполи е на средината на табелата со 31 бодови.

Новото засилување во редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ е херојот на тимот од Торино. Српскиот интернационалец даде два гола, покажувајќи зошто за него беа платени преку 75 милиони евра.

Моис Кин го доведе Јувентус во водство, но Зурковски израмни на 1:1 во 40 минута. Во последните моменти од првото полувреме, Влаховиќ со мајсторски гол повторно донесе радост на гостите за 2:1.

Србинот погоди и во 66 минута за водство од 3:1 на Јувентус. Ова беше и јубилеен 20-ти погодок за Влаховиќ сезонава во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести