Влаховиќ тргнува по стапките на Јовиќ, фати преубава девојка и почна поретко да дава голови

Еден од најдобрите и најскапи стрелци во Серија А, Душан Влаховиќ, три кола по ред нема дадено гол и во Италија веќе се зборува за негова голгетерска криза, а најден е и „виновникот“ за падот во формата на Србинот.

Можеби во фудбалот не му оди најдобро на офанзивецот на Јувентус, но му цвета на приватен план. Во полутајна љубовна врска е со некогашната италијанска мисица Каролина Страмаре и можеби тоа влијае врз неговите игри.

Од друга страна, некогашниот ас на Јуве, Алесио Такинарди, смета дека Влаховиќ е жртва на тактиката на тренерот Макс Алегри, и тоа што тимот игра лошо и прави малку шанси за гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести