Влатко Стојановски потпиша за Ним, лигашкото деби против ПСЖ

И официјално, македонскиот напаѓач Влатко Стојановски од Ренова се пресели во редовите на францускиот прволигаш Ним. Клубот на многу оригинален начин го обелодени трансферот. Порачаа дека ако имате проблеми со видот, ви објавуваме дека потпишавме тригодишен договор со Влатко Стојановски.

Стојановски, чиј трансфер во Ним беше сензационално најавен вчера, ќе биде првиот Македонец во француската прва лига по пауза речиси од десет години. Инаку, своето деби како играч на Ним, Стојановски може да го има во првото коло на 11. август, и тоа против Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ во Париз.

- Оглас -

Најнови вести