Влатко Стојановски позајмен во Шамбли, дебитира на 29-ти

Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски кој лани направи сензационален трансфер од Ренова во Ним, во претстојната сезона нема да игра во француската Лига 1, туку во Лига 2, во дресот на клубот Шамбли, каде е позајмен од Ним, без право Шамбли да го откупи неговиот договор.

Шамбли во првото коло, утревечер на свој терен игра со Париз ФК, но Стојановски нема да дебитира уште утре во втората француска лига, туку ќе биде во комбинација за дуелот од второто коло на 29-ти август против Ниор.

Договорот на 23-годишниот Стојановски со Ним е до 2022 година. Тој во сезоната 2018/2019 беше прв стрелец во македонското првенство, па за 1,5 милиони евра замина во Ним. Како играч на Ним, даде два гола, двата во лига купот на Франција, а во Лига 1 одигра шест меча.

- Оглас -

Најнови вести