Влегоа во Лигата на шампионите па објавија дека ќе имаат 175 милиони евра на засилувања

Екипата на Тотенхем успеа да се пласира во Лигата на шампионите и тоа предводени од одличниот Антонио Конте, кој ја зеде екипата која беше на деветтото место во октомври.

Одличниот италијански стратег, каде и да оди има успеси. Со Јуве доминираше во Серија А, за подоцна да му донесе титула и на Интер, додека со Челзи ја освои Премиер лигата.

Јасно е дека за титула во витрините на „петлите“ ќе треба многу работа, но се чини дека се на добар пат, а успешната сезона знаат да ја ценат и од раководството на тимот, кој што објави дека ќе има 175 милиони евра дополнителни пари во клубот.

Најголемиот дел од нив ќе бидат потрошени на засилувања, додека дел ќе бидат за обновување на договорите.

Навивачите на Тотенхем се надеваат дека нивниот тим во идната сезона ќе успее да дојде барем еден од четирите можни трофеи.

- Оглас -

Најнови вести