Доволно е и една секунда за да се повредиш на терен (Видео)

Најразлични повреди може да го спречат играчот да остане на теренот, но тоа што се случи во шведската лига е невидено досега. На дуелот помеѓу Остерс и Дегефорс, гостинскиот тренер реши да направи измена во 83-тата минута.

Играчот кој го напушташе теренот додека се поздравуваше со фудбалерот кој требаше да влезе во игра, незгодно го удри директно во окото. Играчот кој влезе на теренот помина 10 секунди држејќи се за окото, а потоа побара лекарска помош и го напушти теренот без да допре ниту една топка во игра.

Сепак, подоцна тој успеа да собере сили и да се врати на теренот.

- Оглас -

Најнови вести