Влезе во игра со цел да даде гол за Јувентус, а доби црвен картон по 40 секунди поминати на терен (Видео)

Јувентус загуби на гости кај Рома со 1:0, а освен голот на Манчини и неколкуте одлични шанси што гостите ги пропуштија за израмнување, имаше и потег кој ја покажува „глупавата“ страна на фудбалот.

Во обид да стигне до 1:1, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри реши во игра во 89 минута да го внесе Моис Кин. Играчот кој требаше да биде опасен во нападот на Јувентус во последните неколку минути, доби црвен картон по само 40 секунди поминати на терен.

По еден дуел со Манчини, Кин падна на провокација и без многу размислување го удри противникот по нозете. Судијата тоа го забележа и веднаш го исклучи.

 

- Оглас -

Најнови вести