Влезе во Премиер лигата, а поради повреда може да ја пропушти цела наредна сезона

Гаетано Берарди беше еден од клучните играчи на Лидс во походот кон промоција во Премиер лигата, меѓутоа искусниот дефанзивец не може многу да му се радува на успехот. Во претходниот меч проди Дерби, Берарди се здоби со тешка повреда на коленото по која може да паузира до април следната година.

За кинење на вкрстените лигаменти во коленото, комплетното закрепнување може да трае до девет месеци, па Берарди дури во финишот од сезоната 2020/21 би можел да истрча на премиерлигашките терени. Прашање е и дали тогаш и по толку долга пауза би бил подготвен да го издржи нивото на англискиот елитен фудбал.

Италијанецот сезонава запиша 25 настапи за екипата на Марсело Бјелса во Шампионат лигата.

- Оглас -

Најнови вести