Влогот е голем: Играјте на голови на мечевите на Лацио и на Јувентус

Јувентус ја одбрани титулата во италијанското првенство, а Лацио сигурно ќе игра во Лигата на шампионите во новата сезона, што значи дека во последните две кола може да одиграат без многу притисок.

Сепак, посебен мотив за игра имаат двајцата најдобри стрелци во овие екипи, Чиро Имобиле и Кристијано Роналдо. Тие се во потера на Роберт Левандовски од Баерн Минхен, кој во моментов е фудбалерот кој води во трката за најдобар стрелец во Европа за оваа сезона.

Левандовски даде 34 гола за Баерн, колку што има и Имобиле за Лацио, но голгетерот на германскиот првак одигра и помалку мечеви и помалку минути за да стигне до таа бројка. Во Бундеслигата се играат 34 кола во првенството, а во Серија А има дури 38 мечеви. Левандовски одигра 2.762 минути, а Имобиле досега на терен во италијанското првенство сезонава помина 2.995 минути, плус има два меча за доигрување.

Лацио вечерва на свој терен игра против Бреша, а доколку Имобиле погоди, ќе го надмине Левандовски во трката за освојуавње на престижната награда Златна копачка.

Освен Имобиле, во трката активен е и Роналдо. Првата ѕвезда на Јувентус досега има дадено 31 гол, но тоа не значи дека е недостижно првото место за него. Португалецот во кариерата има дадено над 30 хет-трика, па со еден блескав меч може да дојде до лидерското место. Јувентус вечерва гостува кај Калјари.

АКТУЕЛЕН РАНКИНГ ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТНА КОПАЧКА

Роберт Левандовски (Баерн  М.) 34 гола – 68 бодови

Чиро Имобиле (Лацио) 34 гола – 68 бода

Кристијано Роналдо (Јувентус) 31 гол – 62 бода

Тимо Вернер (Лајпциг) 28 гола – 56 бода

Лионел Меси (Барселона) 25 гола – 50 бода

Ерлинг Халанд (Салцбург/Борусија Д.) 29 гола – 50 бода

 

- Оглас -

Најнови вести