Внукот на Ањели се налути за објавата на Ал Тани: Роналдо е играч на Јувентус!

Објавата на „Твитер“ на Шеикот Ал Тани, кој е член на семејството кое го поседува Пари Сен Жермен, во која тој со измонтирани фотографии ги стави еден до друг Лионел Меси и Кристијано Роналдо во дресови на ПСЖ, воопшто не им се допадна на раководните луѓе на Јуве.

На објавата на Ал Тани јавно одговори Лапо Елкан, кој е внук од ќерка на Џани Ањели и братучед на Андреа Ањели, кој е актуелен претседател на Јувентус.

„Кристијано Роналдо е играч на Јувентус. Непочитување е да се става во дрес на друг клуб како тој да е некаква кукла од излог. Ако го смени тимот, каде и да оди, тој ќе биде почитуван како човек и како спортист. За нас, фудбалот е пасија и тоа е така со генерации“, порача Елкан.

- Оглас -

Најнови вести