Еибар во 2016 година го чекаше цела сезона, вечерва му даде еврогол на Реал (Видео)

Еибар го чекаше цела сезона Енрике Гарсија Мартинес, или попознат како Кике, а вечерва 31-годишниот напаѓач се истакна со прекрасен гол против Реал Мадрид.

Во 28-мата минута Кике постигна еврогол од 20-тина метри, а Тибо Куртоа беше немоќен да го спречи првиот погодок на мечот за домаќините.

Кике има интересна приказна и чекаше цела сезона во 2016 година за да игра за Еибар. Администрацијата на клубот не стаса навреме да го пријави како засилување од Мидлсбро, па напаѓачот чекаше цела сезона за да може да игра за клубот од Баскија.

Денеска го постигна вториот гол во кариерата на дуелите со Реал Мадрид, а ударот во првото полувреме е вистинско ремек-дело.

Реал Мадрид води со 2:1 по првото полувреме на последниот меч од 14. коло во Ла Лига што се игра на „Ипуруа“ во Еибар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести