Во „5 до 12“ Малдини потпиша нов договор со Милан

Милан и Паоло Малдини вчера на околу 100 минути пред полноќ, односно пред официјално да му заврши договорот на спортскиот директор, ја обновија соработката.

Според новиот договор, Малдини ќе оперира до јуни 2024 година.

„Планирано беше да чекаме до последен момент за да ја обновиме соработката. Сега имаме задача да ги исполниме желбите што ги имаме за овој летен период“, истакна Малдини.

Клупската легенда со продолжениот договор останува да биде главен оперативец за засилувања. Една од првите мети на италијанските шампиони е Хаким Зијеш, плејмејкерот на Челзи, кој е блиску до преселба на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести