Клубовите во Лига 1 и Лига 2 во Ангија гласаа за крај на првенствата за оваа сезона. Според договорот, ќе се гледа моментниот изглед на табелата. Интересно е што и покрај крајот на лигашкиот дел, ќе се доиграат плејоф-дуелите кои ќе одлучуваат за дополнителните промоции во повисок ранг.
Шампион во Лига 1 е екипата на Ковентри и таа следната сезона ќе игра во Шампионат лигата, односно втората лига на Англија. Заедно со Ковентри, промоција ќе има и за Ротерам, кој заврши на второто место, додека за третото место кое води во повисок ранг ќе разигруваат Оксфорд, Портсмут, Флитвуд и Вајкомб. Од лигата испаднаа Болтон, Саутенд и Транмере.
Најдобар тим во Лига 2 е Свиндон и ќе игра во Лига 1 следната сезона. Во повисок ранг ќе играат и Кру и Плимут, додека во плејофот ќе разигруваат Челтенхам, Ексетер, Колчестер и Нортхемптон.

