24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Во Австрија се подготвуваат први да продолжат

Челниците на Фудбалската федерација на Австрија одлучија да ги прекинат натпреварувањата во пониските фудбалски првенства, но кога се работи за елитната Бундеслига, ставот е дека треба да се доиграат мечевите.

Министерот Вернер Колгер најави дека професионалните клубови ќе може да започнат со тренинзи на 20 април, а со тоа да започне и подготовката за продолжување на првенството. Предлогот е шампионатот да започне во средината на мај. Сите се сложни дека на натпреварите не треба да има публика, а сега се чека точниот датум кога ќе продолжат да играат.

„Сигурноста и здравјето се во преден план, но мислам дека фудбалското првенство може да продолжи на средината од следниот месец. Сепак, треба уште некои работи да се дефинираат, вели членот на управниот одбор на Бундеслигата, Кристијан Ебенбауер.

- Оглас -

Најнови вести