Во Баерн фудбалерите поделени во четири групи

Многу од најголемите фудбалски клубови се најдоа во финансиска криза по појавувањето на корона-вирусот. Стадионите се празни, нема пари од влезници, а драстично е намалена и заработката со продажба на сувенири. Поради тоа, голем дел од клубовите спасот го бараа во намалување на годишните плати на фудбалерите.

Еден од оние клубови кои немаше голем финансиски удар поради корона-вирусот е Баерн Минхен. Германскиот шампион и пред пандемијата не дозволуваше вртоглави суми за плати на фудбалерите. Главната политика на клубот е дека ниту еден играч не смее да заработува повеќе од 20 милиони евра во сезона.

Поради овој принцип на клубот, од Баерн летово си замина Давид Алаба, кој премина во тимот на Реал Мадрид. Сега тоа сака да го направи и Леон Горецка, кој не е задоволен од платата која ја добива. Челниците на Баерн јасно покажаа дека нема да трпат уцени од фудбалерите и објасни по кој принцип се оценува висината на платите.

Во првата група плати влегуваат најголемите ѕвезди, а тие се со плати од 15 до 20 милиони евра. Првата ѕвезда Роберт Левандовски добива 20 милиони евра, а во оваа група се уште и Мануел Нојер, Томас Милер и Лерој Сане.

Во втората група се фудбалерите со плати од 10 до 15 милиони евра, а тука има место за Кимих, Коман и Гнабри. Во третата група со плати од 5 до 10 милиони евра се Суле и Горецка, додека во последната, четврта гурпа се сите оние фудбалери чии плати се до пет милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести