Во балкански стил – Играч на Бока јуниорс со цигара, пиво и седнат на трева прослави нов трофеј (ВИДЕО)

Екипата на Бока јуниорс додаде нов трофеј во својата богата колекција откако вчеравечер го совладаа Тигре со 3:0 во финалето од Лига купот на Аргентина.

По завршувањето на средбата, Маркус Рохо во балкански стил си седна на тревата, си запали од претходно цигара и си отвори пиво.

И додека медиумите од најсилните фудбалски лиги од Европа се чудат на сето ова, нам од Балканот ни е јасно, бидејќи ова е честа појава кај нас.

Рохо своевремено играше и за Манчестер јунајтед, но не се снајде баш најдобро во Премиерлигашот.

- Оглас -

Најнови вести