Во Барса се исплашија, Жоао Феликс се повреди на три дена пред дуелот со Реал

Барселона го победи Шахтар, но фановите и во клубот беа исплашени од моментот во 75-тата минута, кога поради повреда, теренот го напушти Жоао Феликс.

Листата на повредени кај Барса е долга, во аут се Левандовски, Кунде, Педри, Рафиња, Де Јонг, Сержи Роберто.

Феликс е еден од најдобрите играчи на Барса сезонава, па би било хендикеп ако и тој не можеше да игра на Ел Класико в сабота, но Феликс објави дека не станува збор за сериозна повреда и дека ќе игра против Реал Мадрид.

Инаку Феликс е играч кој никогаш не дал гол, ниту победил против Реал, и не само тоа, туку додека тој бил на терен, неговите екипи (Атлетико и Челзи) никогаш не дале ни гол против Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести