Во Барселона денеска ќе имаат видео состанок, а темата не е по кејф на играчите

Пандемијата од Коронавирусот прави финансиски штети во сите полиња на живеењето. Фудбалска Европа е замрена поради опасниот вирус, а финансиските загуби се големи. Секако меѓу оние кои најмногу губат се клубовите кои имаат најголеми и најплатени играчи.

Барселона е клуб кој најави дека мора да се воведат некои непопуларни мерки, затоа што загубите се преголеми. Според најавите, денеска во Барселона ќе се одвива видео состанок меѓу челниците на клубови и фудбалерите. На овој состанок ќе биде побарано од фудбалерите да се сложат да им биде намалена платата во овој период кога нема мечеви.

На „Камп ноу“ расходите се огромни. Преку 65 отсто од приходите на каталонскиот гигант одат на плати на фудбалерите, а тоа се над 500 милиони евра. освен трошоците за плати тука се и останатите расходи, како и ратите за кредитите кои ги плаќаат во Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести