Во Барселона веќе не знаат кој да шутира пенал: Промаши и Пјаниќ (Видео)

Шут од пенал треба да биде најлесен начин за да се затресе противничката мрежа, но сезонава тоа за играчите на Барселона е навистина тешка мисија. Откако сезонава пенали промашуваа Меси, Гризман, Де Јонг, Браунвајт, сега редот дојде и на Миралем Пјаниќ.

На дуелот против третолигашот Корнелја, во Купот на Шпанија Пјаниќ ја презеде одговорноста да шутира од белата точка во првото полувреме. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина шутираше, но голманот на третолигашот речиси „жива“ му ја фати топката.

Шутот на Пјаниќ може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести