Во Барселона „врие“ кога ја видоа синоќешната фотографија на претседателот на Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа со 2:0 ја победи Гранада и ја продолжи успешната серија против овој ривал. За Кралскиот клуб ова беше 11-та победа во низа против Гранада, но факт е дека фаворитот се намачи да стигне до трите бода.

Покрај победата на Реал, во Барселона се бесни откако видоа што се случуваше на дуелот во Мадрид. Пред почетокот на средбата, претседателот на Реал, Флорентино Перес, помина во тунелот покрај соблекувалните и се поздрави со судиите.

Да биде уште подраматично, Гранада пред крајот на првото полувреме бараше пенал откако Каземиро фаулираше еден гостински играч во шеснаесетникот, но судиите решија дека нема елементи за пенал. Главниот арбитер дури гледаше и повторена снимка, но и по прегледувањето на ВАР, реши дека немало елементи за пенал.

Откако Гранада не доби пенал, во вториот дел Реал успеа да го сруши отпорот на гостите и на крајот домаќините победија со 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести