Во Белград е жестоко и на теренот и на трибините, Партизан и Феенорд водат тешка битка

Дуелот помеѓу Партизан и Феенорд од осминафиналето во Конференциската лига донесе многу возбудувања како на фудбалскиот терен така и на трибините. По првото полувреме во Белград, резултатот е 1-1.

Пред мечот, фановите на Феенорд фрлаа столчиња и факли кон трибината на која имаше деца од фудбалски школи и ова ги зголеми тензиите.

Партизан поведе во 13-тата минута со голот на Натхо, но при постигнувањето на убавиот гол, Израелецот се повреди и мораше да излезе од игра. За Црно-белите ова беше непријатен момент, па потоа брзо примија гол за 1-1 во 20-тата минута. Пред да излезе Натхо, имаше инцидент на теренот откако домашните се налутија што Феенорд не ја исфрли топката во аут додека Натхо лежеше и чекаше да биде заменет.

Холандскиот тим даде уште еден гол, но беше поништен поради офсајд.

- Оглас -

Најнови вести