Во Белград се славеше 30-та титула и трета ѕвездичка на грбот (фото+видео)

Српскиот шампион Црвена ѕвезда вчера во голем стил ја прослави 30-тата шампионска титула. Победата од 3-0 над Напредак беше дополнителна причина за радост, а со јубилејната титула се славеше и трета ѕвездичка, која од сега ќе стои на грбот на белградските „црвено-бели“.

Стадионот „Рајко Митиќ“, или популарната „Маракана“, беше обоен во претпознатливите бои на клубот, а Делиите направија пиротехничко шоу. Eмотивно простување имаше капитенот Ненад Милијаш, кој по 250 настапи во црвено-белиот дрес, стави крај на професионалната кариера.

- Оглас -

Најнови вести