Во Берлин слават затоа што Шалке не им ја одзема „титулата“ за најлош клуб во историјата на Бундеслигата

Тасманија Берлин останува најслабиот тим во историјата на Бундеслигата, откако Шалке 04 вчера успеа да го победи Хофенхајм, а со тоа и да не го израмни неславиот рекорд од пред неколку децении.

Шалке имаше неверојатно лоша низа од 30 натпревари без победа во Бундеслигата и беше само на еден чекор од израмнување на рекордот на Тасманија Берлин, клуб кој во сезоната 1965/66 успеа да одигра 31 натпревар без да победи. Таа сезона Тасманија заврши само со осум бода (за победа се доделуваа два поени), што е најслаб клуб во историјата на германското пренство.

Пред мечот на Шалке со Хофенхајм, од таборот на Тасманија стигна молба до тимот од Гелзенкирхен да победи, затоа што аматерите се среќни што може да се пофалат дека држат некој рекорд во германскиот фудбал. На крајот желбата им се исполни и останаа да бидат единствени кои имаат 31 дуел без победа.

„Ова беше прекрасен ден“, коментираат од таборот на Тасманија, каде триумфот на Шалке се прославил како тие да триумфирале и се среќни што нивниот клуб уште ќе може да се споменува за нешто во Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести