Во Битола победи „поголемиот брат“, а Вардар 1961 на Скопје му даде 48 гола

Новата ракометна сезона во Суперлигата започна, најинтересни за пошироката јавност беа дербито на двата братски клуба во Битола, и дуелот на првакот Вардар 1961 со новиот член на елитата, Скопје.

Еурофарм Пелистер го совлада својот втор тим, Еурофарм Пелистер 2, со 29-24, оправдувајќи ја улогата на фаворит.

Вардар 1961 имаше лесна задача во првото коло, против дебитантот Скопје, даде двојно повеќе голови од противникот. Вардарци победија со 48-24.

- Оглас -

Најнови вести