Во Будимпешта е поинтересно на трибините отколку на теренот, Холанѓаните „протнаа“ ЛГБТ знамиња (Фото)

Селекциите на Холандија и Чешка не успеаја да дадат гол во првото полувреме на денешното осминафинале, многу се тактизира на теренот, но интересно е на „Пушкаш арената“ во Будимпешта. Иако имаше најави дека ќе се одземаат знамињата во боите во виножитото кои се истакнуваат како поддршка за лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица (ЛГБТ групи), сепак тоа не се случи, па на трибините се гледаат Холанѓани со такви знамиња.

УЕФА, која се залага против дискриминација, дозволи користење на симболот иако имаше шпекулации дека забраниле такво нешто бидејќи е мешање на политика и спорт. Во Унгарија има закон со кој се забранува промоција на хомосексуалноста или менување на полот.

И капитенот на Лалињата, Џорџинио Вајналдум, на капитенската лента има порака „љубов“ пропратена со шаренилото на бои.

- Оглас -

Најнови вести