Во Бундеслигата има еден тим што комплетно залута, има 10 порази и само еден бод (Видео)

Гројтер Фирт го доживеа и десеттиот пораз во 11 кола, а вечерва по сопствена вина загубија и од Ајнтрахт Франкфурт со 1:2 на домашен терен.

Себастијан Роде ја искористи катастрофалната реакција на одбраната на новиот Бундеслигаш и казни со водечки гол за Ајнтрахт во 75-тата минута, а потоа во судиското продолжение имаше вистинска драма.

Погодокот на играчот на Ајнтрахт Франкфурт можете да го погледнете ОВДЕ.

Домаќините израмнија на 1:1 во 92-рата минута, но не избегнаа нов пораз бидејќи примија гол само по 120 секунди за нов неуспех во првата сезона што по долг период ја играат во Бундеслигата.

Гројтер Фирт е една од најслабите екипи што играла во елитната германска лига и досега во 11 кола освои само еден бод, со едно реми и 10 порази, што е еден од најлошите стартови на германски тим во Бундеслигата.

Ајнтрахт успеа да ја искористи ситуацијата и да ја забележи втората победа сезонава во домашното првенство и сега со 12 бода е на 14-тото место во конкуренција на 18 екипи.

Гројтер Фирт е убедливо последен само со еден бод и ќе биде вистинско чудо ако успее да се спаси од испаѓање.

 

 

- Оглас -

Најнови вести