Во Бундеслигата веројатно се знае кој ќе биде првак, но се издвојува фаворит и за вицепрвак

РБ Лајпциг го совлада Баер Леверкузен со 1-0, со гол на Нкунку, и Црвените бикови се издвоија како фаворити за второто место. Лајпциг и против опасниот напад на Аспирините покажа дека не случајно е тим со најмалку примени голови во Бундеслигата. Сега Лајпциг има седум бода помалку од лидерот Баерн Минхен, но бега пет бода пред третиот Ајнтрахт.

За Баер ова е трети пораз во последните четири кола, па сега заедно со Борусија Дортмунд, Волфсбург и Борусија Менхенгладбах се на еден бод зад Ајнтрахт.

- Оглас -

Најнови вести