Во Чешка повторно прекината фудбалската сезона

Фудбалската сезона во Чешка повторно е прекината поради корона-вирусот откако во земјата нагло почнаа да растат бројките на новозаразени. Сезоната во Првата лига на Чешка ќе биде во застој во следните две недели, одложени се седмото и осмото коло.

Изминатиот петок во Чешка беа забележани рекордни 8.617 нови случаи само во 24 часа, што ја натера Владата да преземе ригорозни мерки. Од утре, па сè до првите денови од ноември ќе бидат затворени училиштата, рестораните, концертните сали и спортските објекти.

Oва е вторпат чешкото првенство да биде привремено прекинато откако спортот застана на светско ниво во март, а продолжи со натпреварување кон крајот на мај.

- Оглас -

Најнови вести