Во чест на дамите – Шампионките слават убав јубилеј и се инспирација за новиот дрес на Барселона

Дамите на Барселона слават убав јубилеј, 50 години од постоење на клубот, ја освоија титулата во Шпанија на убедлив начин и тие се инспирација за новиот изглед на дресот што ќе го носи машкиот тим.

Лионел Меси и соиграчите ќе имаат голем мотив во новата сезона, а дресот е одличен и на него доминира белата боја. Ова е варијанта на дресови за гостувањата на Барселона, а стандардната сино-црвена боја доминира на гарнитурата дресови што клубот ги користи кога игра на домашен терен.

Барселона претходно го објави изгледот на новиот дрес за натпреварите кога ќе бидат домаќини на „Камп Ноу“.

- Оглас -

Најнови вести