Во четврт-финалето на женското ЕП има два тима кои во квалификациите беа во група со Македонија

Поразите од 60 поени разлика кои женскиот национален тим на Македонија ги имаше во дуелите со своите ривали во квалификациите за ЕП 2019 покажуваат дека поразите од Шведска и Италија се од селекции кои се при врвот на европската кошарка, поточно четврт-финалисти на континенталниот собир.

Италијанките вечерва играат четврт-финале со Русија, додека Шведска утревечер се среќава со домашната Србија. Меѓу осумте најдобри во Европа се и Белгија, Словенија, Унгарија и Велика Британија.

- Оглас -

Најнови вести