Во дебатата дали е гол или не за Ливерпул, Евра направи легендарен потег (Видео)

Ливерпул без многу проблеми го победи Манчестер јунајтед со 2:0 благодарение на головите на Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах. Ван Дајк погоди во првиот дел, а Салах само ја потврди победата во последната минута од мечот.

Во првото полувреме Ливерпул даде уште два погодока, но тие беа поништени. Во едната ситуација имаше офсајд, а во втората беше направен прекршок над голманот на Манчестер, Давид де Хеа. Во дебатата дали имало фаул над Де Хеа или не, легендарниот играч на Ливерпул, Грем Сунес шестоко реагираше на одлуката на судијата, иако се знае дека голманот е заштитен во својот петерец.

Додека Сунес објаснуваше дека немало фаул, некогашниот играч на Манчестер, Патрис Евра, кој седеше до него, со едноставен потег објасни колку не се согласува со трврдењето на легендата на Ливерпул. Додека Сунес објаснуваше дека немало фаул, Евра само се наведна и ја зеде чашата на Сунес, сакајќи да провери што му имаат ставено во водата штом толку жестоко го критикува судијата за поништениот погодок, иако очигледно беше дека постоеше фаул над Де Хеа.

Ливерпул дефинитивно го доби мечот на теренот, но Евра со еден потег ја доби дебатата против Сунес.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести