Екипата на Динамо Киев со 6:2 славеше над Партизан на меч одигра на неутрален терен во Германија. Тоа беше прв дуел од второто коло во квалификациите за место во Лигата на шампиони.
Мечот започна со необичен „инцидент“ кога капитенот на Динамо не сакаше да се поздрави со ривалот од спротивната страна.
Партизан прв даде гол и тоа од пенал преку Салдања. Во финишот на првиот дел се случи целосен пресврт. Во последните пет минути, Динамо постигна три гола, па на пауза тимот од Киев замина со предност од 3:1.
На почетокот од вториот дел Динамо стигна и до 4:1, а Салдања со својот втор гол донесе надеж за Партизан, намалувајќи на 4:2. Сепак, Динамо не застана тука и со погодокот на Денис Попов во 83 минута стигна до 5:2, а во судиското надополнување постигна и шести погодок кој речиси сигурно им гарантира место во следната фаза од квалиифкациите за елитната Лига на шампиони.
Во останатите мечеви кои се одиграа досега: Бодо/Глимт – РФС 4:0, Паневезис – Јагелонија 0:4, Линколн – Карабах 0:2, АПОЛОН – Петрокуб 1:0, Малме – Клаксвик 4:1, ФЦСБ – Макаби Тел Авив 1:1, Ференцварош – ТНС 5:0, Санта Колома – Мидтјеланд 0:3.