Во едно европско првенство планираат во јули да дозволат и гледачи на трибини

Турското фудбалско првенство беше едно од последните во Европа кое реши да прекине поради Коронавирусот. Според сегашните најави, на 12 јуни треба повторно да се врати фудбалот во оваа држава. Во ист период се очекува и други првенства ширум Европа да продолжат, но Турците по едно нешто ќе се обидат да бидат уникатни.

Најавите се дека Турците размислуваат во јули да биде дозволено повторно враќање на навивачите на трибините.

„Наша цел е да се заврши првенството, инаку би можеле да настанат многу проблеми. Сакаме на терен да биде завршена сезоната. Ќе има чести тестирања во текот на подготвителниот период. Доколку има позитивни случаи , тие навреме ќе бидат ставени во карантин. Некои држави во кои ситуацијата со Коронавирусот е многу посериозна од кај нас размислуваат да продолжат. Ние прво планираме да продолжиме без присуство на навивачи, а ако се биде како што треба тогаш ќе можеме да размислуваме во јули да ги вратиме и навивачите на трибините“, вели претседателот на турскиот фудбалски сојуз, Нихат Оздерим.

 

- Оглас -

Најнови вести