Во ерата на три поени, Барселона никогаш не била полоша

Барселона не успеа на „Камп Ноу“ да го победи Алавес, што само е потврда за кризата на каталонскиот гигант. Во последните пет кола, Барселона освои само четири бода, а синоќа се виде дека ниту снемата на Роналд Куман не донесе подобрување во играта и резултатите.

По 11 одиграни кола, Барселона освои само 16 бодови, што е најлош биланс за клубот во Примера дивисион, откако се воведоа освојување на три бода за победа. По 16 бода од 11 кола, Барселона имала и во сезоните 2000/01 и 2002/03.

 

- Оглас -

Најнови вести