Во Европа остана само уште една енигма, ако ја погодите, можете одлично да заработите

Реал Мадрид беше клубот кој минатата недела имаше најмногу причини за славење. Најтрофејниот шпански клуб успеа да ја бутне Барселона од тронот во Примера дивисион. По победата над Вилјареал, Реал по рекорден 34-ти пат стана шампион во домашното првенство.

Кралскиот клуб нареди 10 победи и ги искористи киксовите на Барселона, па на крајот од шампионатот заврши со пет бода пред најголемиот ривал. Со завршување на сезоната во Шпанија, веќе ги имаме прваците во четири од петте најсилни лиги. Пари Сен Жермен, Ливерпул и Баерн Минхен од претходно ги прославија трофеите.

Од Топ-5 лигите останува само уште Серија А да го добие првакот. Јувентус повторно е најдобар, а тоа само треба да го потврди во последните пет меча. Старата дама има пет бода повеќе од Интер и меч помалку, што е капитална предност која гигантот од Торино сигурно нема да ја пропушти. Во позиција кога само треба време за да се промовира Јувентус во шампион на Италија, единствено нејасно во оваа неверојатно долга сезона останува само уште да се дознае името на континенталниот владетел.

Лигата на шампионите ќе се игра во август, а само тука е енигмата кој ќе стигне до трофејот. Ако Реал се радуваше на трофејот во Шпанија, тешко дека ќе може да биде на тронот во Европа затоа што има 1:2 негатива во дуелот со Манчестер сити.

Интересно е што ждрепката посака уште сега да се знае дека еден од финалистите во ЛШ ќе биде тим што никогаш не бил европски првак. Аталанта, Пари Сен Жермен, Лајпциг или Атлетико Мадрид се клубовите без трофеј, а сè во делот од костурот кој треба да даде еден финалнист.

Едноставно, предизвик е да се типува на Лигата на шампионите, па дури и уште од сега да го погодите европскиот владетел. Другите најважни трофеи веќе се решени и поделени за оваа чудна сезона во европскиот фудбал, но и без тоа август ќе биде фудбалски жежок и интересен за типување.

- Оглас -

Најнови вести