Во Ф1 следи трката на којашто беше направено легендарното престигнување (Видео)

По пауза од речиси еден месец, следниот викенд ќе продолжат возбудувањата во Формула 1 шампионатот, а домаќин ќе биде патеката „Спа-Франкошам“ во Белгија. Ова е една од најатрактивните патеки, која последно ќе се памти по легендарното престигнување пред повеќе од две децении.

На трката во 2000 година Мика Хакинен и Михаел Шумахер беа во трка за титулата и двајцата возачи атакуваа на тронот како што оваа сезона тоа го прават Луис Хамилтон и Макс Ферстапен. На таа августовска трка точно пред 21 година, Хакинен го направи престигнувањето кое ќе се памти во историјата на Ф1.

Шумахер беше лидер, а Финецот беше втор. Кога двата болиди се најдоа на рамнината на стартноцелната линија, пред нив се појави болид кој доцни цел круг зад водечките. Шумахер тргна да го престигнува спориот болид, а Хакинен направи маневар и од другата страна го заобиколи заостанатиот болид, но во исто време успеа да биде побрз и од Германецот, па се најде на челната позиција.

Според многумина, ова е најдоброто претекнување во историјата на Ф1 шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести