Во Формула 1 шампионатот ништо ново, Ферстапен повторно најдобар, овој пат во Кина

Возачот на Ред Бул и трикратен шампион Макс Ферстапен ја оствари четвртата победа во петте трки сезона откако триумфира на трката за Големата награда на Кина.

Ова беше 58-ма победа за Ферстапен во каиерата, а на највисокото место на победничкиот подиум го обезбеди откако 10 секунди беше побрз од пријатното изненадување Ландо Норис од Мекларен. Третото место го освои вториот возач на Ред Бул, Серхио Перес.

https://twitter.com/F1/status/1781967723448123561

 

Ферстапен доминираше во текот сите 56 кругови, водеше речиси цело време, освен кога мораше да оди во боксот на менување на пневматиците. На стартот од трката, го следеше Перес, но по второто излегување на безбедносното возило кога речиси сите возачи ги менуваа пневматиците, Норис успеа да го претекне Мексиканецот и до крајот да го зачува второто место.

Бодови освоија и Шарл Леклер и Карлос Саинс од Ферари, возачот на Мерцедес, Џорџ Расен, возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, Оскар Пјастри од Мекларен, Луис Хамилтон од Мерцедес и возачот на Хас, Нико Хулкенберг.

Следната трка ќе се вози низ улиците на Мајами за две недели.

- Оглас -

Најнови вести