Фудбалерите станаа како машини: Одигра 73 меча во девет различни натпреварување

Младата ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација Педри Гонзалес постави неверојатен рекорд. Педри кој има само 18 години, денеска во финалето на Олимпискиот турнир во Токио го одигра 73-тиот меч во сезоната. Ниту еден играч досега нема одиграно толку натпревари во дури девет различни натпреварувања.

Во дресот на Барселона Педри одигра 37 меча во Примера дивисион, седум средби во Лигата на шампионите, шест дуели во Купот на Шпанија, како и два меча во Суперкупот на Шпанија.

Кога се работи на репрезентативен план, Педри има седум средби на Олимписките игри од каде си заминува со сребрениот медал, шест натпревари одигра на Европско првенство, а имаше и четири настапи за селекцијата до 21 година. Во квалификациите за СП 2022 година, Педри одигра три меча, а еден дуел беше од пријателски карактер.

Од овие 73 меча, дури 11 меча Педри морал да ги игра и со дополнителни 30 минути, што само покажува колку многу време тинејџерот поминал на терен во сезоната која што сега заврши за него.

 

- Оглас -

Најнови вести