Во Гладбах „пукаат“ од самодоверба: Дајте ни го Ливерпул!

Борусија Менхнегладбах првпат во клупската историја ќе игра во нокаут фазата од Лигата на шампионите, откако заврши на второто место во групата Б заедно со Реал Мадрид, Интер и Шахтар Доњецк.

Во пресрет на ждрепката за осминафиналните парови, спортскиот дирекрот на бундеслигашот, Макс Еберл, посакува за противник да им биде ни помалку, ни повеќе, туку шесткарниот европски првак Ливерпул.

„Оваа сезона за нас е историска во Лигата на шампионите. Докажавме дека можеме да се надигруваме против великани како Реал Мадрид и Интер, па затоа би било убаво Ливерпул да ни биде следниот противник за уште еднаш да се соочиме со голем тест“, вели Еберл.

Оваа изјава потврдува дека во Гладбах самодовербата е на огромно ниво, а покрај Ливерпул, можни противници уште им се Јувентус, ПСЖ, Челзи и Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести