Во гол-шоу полуфинале, Киелце го надмудри Веспрем и ќе се бори за европскиот трон

Екипата на Киелце е првиот финалист во ракометната Лига на шампиони, откако во меч со многу погодоци славеше над Веспрем со 37:35. Ова е еден од најефикасните мечеви на фајнл-фор турнирите, а Киелце одигра фантастично второ полувреме и затоа ќе се бори за трофејот.

Веспрем подобро го отвори мечот и повде со 7:5 и во продолжение од првиот дел не дозволи противникот да поведе. Најголемата предност Веспрем ја имаше пред крајот на првиот дел кога имаше водство од 17:14, а на полувреме унгарскиот тим водеше со 18:16.

Второто полувреме беше во знакот на нападот на Киелце. Полскиот тим најпрво стигна со 18:18, а потоа при резултат 20:19, Киелце направи серија од 4:0 и стигна до предност од 23:20. Во неколку ситуации Киелце водеше и со 4 разлика, последен пат (34:30).

Веспрем стигна до 33:35, но Киелце даде гол за 36:33 во пресрет на последната минута и беше јасно кој ќе игра во финалето.

Во второто полуфинале ќе играат Кил и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести