Во Интер не им се плашат на Граѓаните: За нас трофејот е сон, а за нив опсесија

Фудбалската сезона ќе заврши со најважниот натпревар во клупските натпреварување, финалето во Лигата на шампионите во кое в сабота ќе се сретнат Манчестер сити и Интер, а уште сега почна да се погрева атмосферата.

Иако за многумина Манчестер сити е голем фаворит за триумф, во Интер не им се плашат на Граѓаните.

„Би требало да се плашите од убијци или од лоши луѓе, а не од фудбалери.Погрешно е да се зборува за страв, треба да бидеме храбри и со ладни глави да излеземе на терен“,изјави Алесандро Бастони, на прес-конференцијата која денеска се одржа во тренинг центарот на Интер.

За разлика од Манчестер сити кој се уште го сонува шампионскиот пехар, Интер знае како се освојуваат европски титули. Нераѕурите последен пат беа европски шампиони во 2010 година кога го совладаа Баерн Минхен со 2:0. Дел од шампионскиот тим на Интер беше и легедарниот македонски фудбалер, Горан Пандев.

„Среќни сме што ќе играме во финалето, заслуживме да бидеме дел од спектаклот во Истанбул според тоа што го прикажавме на теренот. Знаеме да играме против силен противник, но за нас, ова финале и освојувањето на трофејот е сон. За Сити тоа е опсесија. Не може секој да ја помине групата во која се Баерн или Барселона, игравме против силни екипи и покажавме дека заслужуваме да играме во Истанбул. Во финалето и двете екипи влегуваат со подеднакви шанси и ако одиграме како што Интер треба да игра, можеме да победиме“, изјави Федерико Димарко.

- Оглас -

Најнови вести