Во исчекување да го доведат Меси, Сити се договори со Кулибали!

Калиду Кулибали, еден од најдобрите фудбалери на Наполи, постигнал договор за трансфер во Манчестер сити. Фудбалерот кој игра во дефанзивната линија, ги договорил личните услови со челниците на Граѓаните. Сега останува само Наполи да се согласи за трансфер и да се договори сумата за заминувањето на играчот кој е мета на повеќе европски гиганти.

Веќе неколку месеци траат преговорите меѓу Наполи и Сити. Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, најавил дека нема да го продаде Кулибали за сума помала од 80 милиони евра, додека Сити се надева дека откупната клаузула ќе биде помала.

Сити е еден од најактивните клубови на пазарот. Освен Кулибали, главна цел на Граѓаните е да го купат Лионел Меси од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести