Во ист ден го отпишаа и Јунајтед и Тотенхем, па сега ќе мора да си бара нов клуб

Левиот бек Серхи Регилон во 2020 од Реал Мадрид се пресели во Тотенхем за 30 милиони евра и се очекуваше да биде големо засилување за премиерлигашот. Сепак, тој не ги оправда очекувањата, па беше испраќан на позајмици најпрво во Атлетико Мадрид, а потоа и во Манчестер јунајтед.

Позајмицата кај Црвените ѓаволи е со важност до крајот на тековнава сезона, но Ерик тен Хаг не смета повеќе на неговите услуги и тој е вратен во Тотенхем. Сепак, во ист ден следуваше нов шок за Шпанецот бидејќи и Тотенхем не смета на неговите услуги, па сега ќе мора да си бара нов клуб каде што ќе оди на позајмица бидејќи актуелниот договор му завршува на крајот од оваа сезона.

Регилон оваа сезона за Манчестер јунајтед одигра само 12 натпревари, а на теренот мина 655 минути. За репрезентацијата на Шпанија забележа шест настапи.

- Оглас -

Најнови вести