Во историјата на Серија А никој не победил вака како Рома

Изненадувачки лесно Рома со 4:1 ја победи Аталанта во Бергамо, во денешното дерби од 18. коло во Серија А. Уште во првата минута Римската волчица најави дека ќе ги освои трите бода на ова гостување, кога Тами Абрахам погоди за 1:0.

Заноло во 27 минута зголеми на 2:0 за Рома, а надеж за домаќините даде погодокот на Муриел во 45 минута. На почетокот на вториот дел беше поништен гол за 2:2 на Аталанта, а потоа следуваа два погодоци за гостите.

Крис Смолинг во 72 минута погоди за 3:1, а Абрахам со својот втор погодок, во 82 минута ја потврди победата за Римската волчица. Оваа победа на Рома ќе остане запишана во историјата на Серија А, затоа што никогаш претходно на еден меч, двајца Англичани не постигнале погодок за една екипа. Тоа сега го направија Абрахам и Смолинг.

- Оглас -

Најнови вести